fbpx

Леонид и син ми беа неразделни: Жугиќ проговори за момчето кое се бори за живот

Докажаната македонска актерка и поранешна директорка на Тетатар Комедија, Јелена Жугиќ, по подолго време ѝ се обрати на јавноста.

Таа ги замоли нејзините фејсбук-пријатели да ја покажат хуманоста на дело и да му помогнат на Леонид, момчето кое направи многу за Македонија, а на кое сега сме му најпотребни.

Жугиќ откри дека тој и нејзиниот син се познаваат уште од градинка и откри нови детали за неговата здравствена состојба.

„Леонид го познавам од градинка, беа неразделни со син ми Ахил, заедно растеа, другаруваа и го осознаваа животот. Лео е исклучителен млад човек, неговиот талент за математички науки веќе го потврди со награда и престижната институција НАСА. Лео во овие моменти се бори со последиците од несреќата која ја доживеа во соседна Грција. Неговиот транспорт е ризичен, а лекувањето тамо чини многу пари. Да ја покажеме уште еднаш нашата хуманост на дело, да му помогнеме на Лео и на неговото семејство“, побара таа.

За Леонид може да донирате на следниот начин:

Од Македонија:

210-7000006805-91 НЛБ БАНКА

Од странство:

IBAN: MK07210501567799991

SWIFT: TUTNMK22

NLB BANKA AD SKOPJE

А1: 143-500

Т: 143-118

Следни Објави

Беше просечна девојка, сѐ што имаше даде на операции: Денеска е непрепознатлива!

Била сосема просечна девојка од соседството, а потоа посакала да личи на Ким Кардашијан. На пластична хирургија потрошила богатство, а резултатите се очигледни Бразилската манекенка Џенифер Памплона потрошила над 500.000 долари за да личи на Ким Кардашијан. Направила преку 30 естетски корекции и практично го променила секој дел од телото. […]