fbpx

Ми го убија детето: Мајка со потресно сведоштво за Онкологија

Не стивнуваат реакциите во јавноста по најновиот скандал кој го тресе македонското здравство.

Вознемирувачките информации за наводни злоупотреби со цитостатици на Клиниката за онкологија и радиотерапијалекари ја кренаа на нозе македонската јавност. Лекарите од оваа клиника наводно правеле злоупотреби со кои ги повредиле етичките принципи и кодексот на медицинската деонтологија.

Блиски роднини на пациенти кои се лекувале на оваа клиника се запрепастени од изнесените наводи дека болните наместо со лек, биле третирани со физеолошки раствор.

На социјалните мрежи се огласи и Дејана Новаковиќ. Нејзиното дете ѝ починало, а нејзиното потресно сведоштво ви го пренесуваме во продолжение.

„Пред две и пол години ќерка ми се лекуваше на Клиниката за онкологија. Мислевме дека се лекува, они ми го убија детето. Од лесно излечив тип на канцер, они со „терапијата“ го хранеле канцерот. Јавно објавувам дека нема да оставам да се заташка ова во оваа скапана држава! Ќе активирам се’ што е во моја моќ и Ве замолувам сите што можете да помогнете и да се вклучите!
Нема да се смирам додека не ги видам сите во затвор-доживотен! Сликава од ангелот мој ја ставам тука да знаете кого го убивте и да ве прогонува како сенка, мир и сон да немате никогаш како моето семејство што нема“, напиша оваа мајка скршена од болка.

Следни Објави

Изгледајте десет години помладо: Идеални фризури за жени над 40

Младешки изглед може да се постигне не само со производите за нега на кожата, туку и со добро одбрана фризура Ако имате над 40 години и сакате да ја промените фризурата и да ја одберете онаа која ќе ја истакне вашата убавина, но и самодовербата, тогаш сте на вистинското место. […]