fbpx

Морбидно и болно: Статус за Онкологија ја крена јавноста на нозе

Дали дел од пациентите на скопска Онкологија воопшто ја примиле неопходната терапија, која барем на некој начин ќе им помогне и е последна надеж за спас од подмолната болест, праша новинарката на„Фокус“, Ирена Мулачка.

Таа пишува: Факт е дека позадината се парите, но пациенти умирале за некој да запечали, затоа што наместо скапиот лек да биде даден на нив бил продаван, а тие примале сосема други терапии, меѓу кои и обичен физиолошки раствор. Е, тоа е најморбидното и болното.

Овој шокантен податок беше поводот на оваа исклучително осетлива тема на социјалните мрежи да се огласи и познатиот писател, сценарист и инфлуенсер Божидар Божиновски.

Уште го помнам гневот и омразата кои ги имав на 10-11 години кога ми почина баба, сестра на баба ми. Од рак, што во Битола и не е така несекојдневно за жал. На нејзини 68 години докторот реши да не и ја извади матката, но гневот не ми беше кон него.

Кога некој ти е болен не гледаш јасно, би направил сѐ за да е подобро, за да помине па и да веруваш во чуда. 90-тите немаше интернет, со отворањето кон светот се намножија разни чуда па и некој кинески лек за ракот. Ко денес го памтам ликот кој го носеше, еден од Скопје. Дојде Битола, рече можело да помогне. Терапијата беше околу 2000 марки, а шо е то за лек. Ги пиеше лековите и ѝ беше полошо. По некое време, околу Василица и почина. Може и немаше спас. Којзнае, тогаш само сакав да пораснам и да ја осветам. После некое време го имаше на вести, некој имал поголема желба за освета од мене.

Не ни можам да замислам како им е на семејствата кои изгубиле некој близок кој наместо со лек бил третиран со физиолошки раствор. Чија надеж била така изиграна, сите тие моменти на агонија кои ги поминале.

Македонија е мала и затвор им е најдобра опција.

Следни Објави

Вујко ѝ со години ја силувал: Една работа ја натера да проговори за сè

Актерката Тери Хачер која се прослави по улогата во серијата „Очајни домаќинки“ пред неколку години ги шокира сите откако призна дека како девојче континуирано била злоставувана од својот вујко. Нејзината тешка животна приказна ја сподели дури кога наполни 41 година, симболично на Меѓународниот ден на борба против насилството врз жените. […]