fbpx

Ана почина во страшна агонија на 30 години: Нејзината сестра проговори за Онкологија

Расте револтот кај граѓаните по скандалот за наводните криминални дејствија кои со години се случувале на Клиниката за онкологија.

Луѓе секојдневно споделуваат лични искуства, најчесто оние чии блиски прерано го напуштиле овој свет. Меѓу нив е и уметницата Ивана Мојсовска чија сестра Ана почина на само 30 години.

Нејзиниот статус ви го пренесуваме во продолжение!

Пред две години, сестра ми Ана која боледуваше од многу редок тип на канцер сакаше да напише писмо до докторите и сестрите на онкологија и да им се заблагодари на, ако воопшто може да се нарече, „убавиот“ третман која таа го доби од нив во последните месеци од нејзиниот живот. Ги гледаше како херои, им се восхитуваше на хуманоста и да можеше да им ја даде и малку онаа сила која беше останата во неа, ќе им ја дадеше во знак на почит за се она што тие го пожртвуваа за пациентите во времето на Ковид пандемијата додека и самата таа се лечеше од рак.

Ана се разболе во ноември 2020-та година, а почина во април наредната година на нејзини 30 години.

Ана почина во страшна агонија, а јас и мојата фамилија еве веќе две години се учиме како се живее со пола душа и срце и се помиривме дека навистина спас немало за ѓаволот со кој се боревме.

Денес, после две години мајка ми ми го праќа линкот за случајот Онкологија каде се вели дека лековите кои биле наменети за пациентите од рак се продавале на црн пазар во Косово, а во замена тие добивале обичен физиолошки раствор.

Епа јас писмо нема да Ви напишам, ами животот ќе ви го посветам за секоја клетка да ви ја отрујам, животињи крволочни!!!!

Искрено сочувство до секој оној кој за жал се’ уште не најде начин да избега од оваа краста од држава!

Следни Објави

Уште едно сведоштво од Онкологија: Митровски проговори за починатата мајка

И власта и опозицијата дадоа зелено светло да се формира собраниска анкетна комисија која ќе утврдува политичка одговорност за функционерите поврзани со скандалот на Онкологија. Во меѓувреме се нижат нови сведоштва од роднини на пациенти кои починале од канцер, а кои биле лекувани токму на оваа клиника. На социјалните мрежи […]