fbpx

Сè се враќа! Ако не од нас живите, од Господ! Потресно сведоштво за Онкологија

По вознемирувачките информации за наводни злоупотреби со цитостатици на Клиниката за онкологија и радиотерапија, не стивнуваат реакциите од семејства чии блиски починале од карцином токму на оваа клиника.

Најновото потресно сведоштво ви го пренесуваме во продолжение!

Мојата мајка, 62 години, почина неодамна од рак. Сомнежот се роди кога после четвртата примена „хемотерапија“ не ѝ падна косата, што е еден од главните симптоми на примање хемо, оносно дека „лекот работи“.

Сликата во прилог е од денот кога се створи сомнежот. Постојано ги прашувавме дали е ставен лек, затоа што не видовме вбризгување на хемото, туку само шкрабање со фломастер дека е ставен.. Резултатот беше фатален кој не би го посакал ни на најголемиот непријател. Енормни трауми за болниот и блиските околу него.

Се’ се враќа, се’ се плаќа. Ако не од нас живите, од Господ!

Следни Објави

Редок човек и газда: Македонија тагува, скопјани се простуваат

Пријатели на социјалните мрежи со емотивни посвети се простуваат од познатиот македонски угостител Јоцо-Боними. За него имаат само пофални зборови, нагласувајќи дека си заминал исклучително добар човек. „Сочуство до семејството, пријателите и познаниците. Беше човек домаќин со голема душа. Од стариот ресторан „Боними“, најубавиот на „Партизанска“, па се’ до новото […]