fbpx

Проф. д-р Драган Даниловски: Овој срам никогаш нема да си го испереме!

И македонскиот лекар епидемиолог и универзитетски професор Драган Даниловски се огласи на социјалните мрежи за наводни злоупотреби со цитостатици на Клиниката за онкологија и радиотерапија.

Неговата реакција едноставно насловена „Срам“ ви ја пренесуваме во продолжение!

Никогаш веќе пациент нема да влезе во докторска ординација без студени морници да му пролазат долж ‘рбетот, прашувајќи се: И овој да не е од „таквите“?

Е, не се сите такви, ама, „покрај сувото, гори и суровото“.

Овој срам никогаш нема да си го испереме! Никогаш!

Едит:

Во крајна линија, ова е пораз и срам (и) за нас, професорите на Медицинскиот факултет. Зашто, сите овие што ги фатија „со рацете во медот“ биле наши студенти. На кои не сме успеале да им вградиме основни етички принципи. По ѓаволите, ќе да беа залудни сите мои 40 години стаж..

Следни Објави

Прво интервју по разводот: Го спомнува Бог, а без овој човек не носи ниту една одлука

Немам фејсбук-профил, па не сум во тек со коментари и со тоа кој што пишува за мене, бидејќи тоа би ми делувало негативно, вели Анета Љумаковска за реакциите во јавноста откако по 22 години брак одлучи да се разведе со Џими Мицевски. Познатата пејачка во своето прво интервју по разводот […]