Македонецот Александар Димитров кој седум години живее и работи во Швајцарија успеа да триумфира на тамошното првенство за преработка на месо кое традиционално се одржува цели 19 години.
Димитров во конкуренција на шеесетина месери од Швајцарија го освои првото место во категоријата „Елитни месари“ на настанот што се одржа во Вајнфелден.
Станува збор за натпревар на кој месари од Швајцарија се натпреваруваат за брзо и прецизно дебонирање на три свински раменици, а меѓу другото и чистотата на коските е вклучена во проценката, пишува „Струмица.нет“.
Пред да се пресели во Швајцарија, Александар со години работел во позната македонска месара.