fbpx

Објавено писмо на Палчо: Шокантни тврдења за Вања и Панче

Политичката партија Десна лиферуваше писмо, тврдејќи дека го напишал Љупчо Палевски, осомничен за убиство на велешанецот Панче Жежовски и малолетната Вања Ѓорчевска од Скопје, кој моментално се наоѓа во екстрадициски притвор во Турција.

Во истото тој изразува длабоко сочувсто за смртта на Вања и Панче, посебно за таткото на Вања, кој, кало што наводно пишува, во моментот кога го загубил детето, монструмите го осомничиле дека тој бил во контакт со него и давал информации.

„Токму овој пример е одлична илустрација за умот на Спасовски и неговите истражители, но за тоа детално ќе објаснам подолу.

Прво и основно, Палчо не бегал од МК, туку регуларно патувал за Белград (четврток), а во петокот после 18 часот за Турција, со регуларна патна исправа, на регуларен начин, со патничко возило. Информацијата, дека полицијата ме бара кај брат ми, а не во Центар, каде после два дена правеа претрес ја добив одкако пристигнав во Турција.

Тоа значи дека лицето Димковски Стефан, не е шофер господине Спасовски, туку добар другар, партиски член и успешен бизнисмен со хемиски суплементи во земјоделието. Бруталноста на Спасовски оди до таму што Стефан исто така е притворен неколку месеци, иако во моментот додека ме возеше кон Турција не постоеше потерница или пак контакт од органите на прогонот“, пишува Палевски.

Тој вели дека не е уапсен на автопат, туку во ресторан.

„Тој ден, 5 декември, по втор пат дојдов за да вечерам и да се појави полицијата за да ме упаси. Тоа беше мојот последен контакт со интернет каде видов една одвратна изјава на Александар Николоски. Келнерката беше полицаец од оделот на Интерпол на Баликесир. Чудно беше што 7-8 полицајци се уредно снимаа со мобилни телефони…

Имав извадено автобуска карта за Истанбул која не ја искористив токму од причина на потерницата на Интерпол, бидејќи апсењето е исвесно и поубаво е да се малтретираш по пат од 200 км. Токму затоа и бев уапсен во Баликесир, а не на автопат.

Јавноста треба да знае дека во моментот кога дознав за претресите и потерницата, јас организирав враќање на Стефан Димковски, но и враќање на интернет картичка која беше потребна за планираниот КРШ 112 од Турција, но исто така, одкако преспав во изнајмената куќа платена за еден месец однапред, го вратив кључот од куќата на посредникот за недвижности и раскин на договорот во кој се моите податоци од мојот пасош, што значи не сум се криел, туку сосема спротивно се организиранорегуларно…

Аутистот не знае дека со мене се две цедеа од магнетна резонанца на мојата кичма од 2016 и второто од 2020 каде јасно се гледа сериозноста на оштетеното здравје, губење на контрола врз екстремитетите, народски кажано нозе“, пишува Палевски.

Според него, ова е обид организиран во ОЈО да, како што вели, наместат и конструираат случај против него.

„Бидете сложни, солидарни и помагајте се меѓусебно, со ова што во моментов се случува околу вас и Десна ќе помине, дури некои монструми ќе заборават, но борбата на Македонецот да биде слободен, на сопствена територија на која е мнозинство, да поседува и сопствена македонска држава мора организирано да започне…

Газа е загарантирана за нас Македонците, но борбата за слобода е единствениот пат за Македонецот. Не се плашете, борете се, за себе, за Македонците, за Македонија. Додека ја чекам судската постапка, далеку од Македонија, ве поздравувам и ќе повторам, Палчо не киднапира, убива деца и старци“, пишува Палевски.

Следни Објави

Парите доаѓаат! Овие луѓе ќе се збогатат во март

За некои луѓе март ќе биде одличен на финансиски план. Дознајте дали сте меѓу среќниците кои би можеле да се збогатат во наредниот период. Водолија Може да добиете неочекуван бонус или зголемување на платата, а ова е и добар месец за продажба на недвижен имот. Ако неодамна сте инвестирале пари, […]