fbpx

Бог има совршен план: Кога ништо не ти оди, добро прочитај ги овие зборови!

Сѐ во животот се случува во вистинското време и со вистинска причина. Кога мислите дека судбината заборавила на вас, сетете се на оваа приказна

На времето имало три стебла на брдо во една шума. Еднаш си разговарале за своите соништа и планови кога првото стебло рекло:

„Еден ден, се надевам, ќе станам ковчег за злато. Украсен со прекрасна резба и секој ќе може да ја види мојата убавина.“

Тогаш другото стебло викнало на цел глас:

„Еден ден јас ќе бидам голем и моќен брод. Ќе ги пренесувам кралевите и кралиците преку вода и ќе пловам до крајот на светот. Сите ќе се чувствуваат сигурни со мене поради силата на мојот труп.“

Конечно, третото стебло дошло на ред да си ги каже соништата:

„Јас сакам да пораснам и да бидам највисокото и најисправеното стебло во шумава. Луѓето ќе ме гледаат од врвот на брдото, ќе ги гледаат моите гранки и ќе мислат на Бог и колку сум му близок. Јас ќе бидам најзначајното стебло на сите времиња и луѓето секогаш ќе се сеќаваат на мене“.

После неколку години молитви за соништата да им се остварат, една група на дрвосечачи стигнала до стеблата. Еден од нив дошол до првото стебло и рекол:

„Ова ми изгледа за многу силно стебло, мислам дека ќе можам да му го продадам на резбарот.“

И почнал да го сече. Стеблото било среќно. Знаело дека дрвосечачот ќе може од него да изработи ковчег за злато.

Кај второто стебло дрвосечачот изустил:

„Ова стебло ми изгледа многу силнo, ќе го продадам на бродоградилиштето“.

И второто стебло било пресреќно. Знаело дека е на пат да стане голем и силен брод.

Кога дрвосечачот дошол до третото стебло, истото се преплашило. Ако го исечат, неговите соништа нема да се остварат. Еден од дрвосечачите рекол:

„Не ми треба ништо посебно од ова стебло, па ќе го земам ова.“

И така го исекле стеблото.

Кога првото стебло стигнало кај резбарот, тој од него направил јасли за хранење на стоката. Го ставиле во една штала и го наполниле со сено. Тоа не било она за што стеблото се молело. Другото стебло го искористиле за да направат мал рибарски брод. Така завршиле неговите соништа за голем и моќен брод кој носи кралеви.

Третото стебло го исекле во големи парчиња и го оставиле само во темнината. Поминале години, а стеблата заборавиле на своите соништа.

Еден ден, еден човек и една жена дошле до шталата. Таа се породила и така го ставиле детето во јаслите направени од првото дрво. Човекот сакал да умее да направи колевка за бебето, но и јасливе послужиле. Стеблото, гледајќи ја убавината на бебето и неговата необичност, ја почувствувало важноста на овој настан, претчувстувајќи дека во себе го чува непроценливото богатство на сите времиња.

Години покасно, група на луѓе влегле во рибарскиот брод направен од второто стебло. Еден од нив бил многу уморен и си легнал да спие. Додека другите пловеле, одеднаш се створила огромна бура и стеблото сфатило дека не е доволно силно да ги заштити сите. Луѓето го разбудиле човекот што спиел, станал и викнал: „Мир!“ и бурата се смири. Тогаш стеблото знаело дека го носи кралот над кралевите.

Конечно, некој дошол и го зел третото стебло. Низ улиците другите луѓе му се потсмевале на човекот што го носел. Кога дошле до местото, човекот го заковал стеблото и го подигнал на врвот на брдото за да умре. Во Недела, стеблото видело дека е доволно силно да стои на брдото и да биде блиску до Бога. Христос бил распнат на него.

Кога работите не ви одат од рака, секогаш знајте дека Бог има план за вас. Ако му верувате, Тој ќе ви даде големи дарови. Секое стебло го доби тоа што го сакаше, само не на начинот на кој го замислуваше. Ние никогаш не знаеме што планира судбината за нас. Знаеме дека патиштата во животот не се баш онакви какви што сме ги замислиле, но се секогаш најдобри за нас.

Следни Објави

Почина од тага по ќерката Маја: Нејзината трагична судбина ќе ве расплаче

Таа беше една од најпочитуваните пејачки на народна музика во поранешна Југославија. Дама со исклучителен вокал, важеше за голем уметник и интерпретаторка која не ја поврзуваа со никакви скандали. Сепак, бројните животни драми ја чинеа здравје и прерано замина од овој свет. Вера Ивковиќ почина на 10-ти март 2012 година […]