fbpx

Д-р Нико Беќаровски: Како само можевте да ги гледате в очи, знаејќи дека ги убивате?

Д-р Нико Беќаровски од Клиниката за токсикологија објави емотивен статус на неговиот профил на „Фејсбук“.

Испровоциран од насловот: „Клиниката за Онкологија во 2017 година го фрлила во подрум системот за следење на цитостатици кој оневозможува да се крадат дози“, тој го напиша следново.

Секојдневно неколку пациенти од Онкологија, доаѓаат на ултрасонографски преглед во нашиот ехотомографски кабинет. Исплашени, многу често и исцрпени од болеста, со страв го следат секој мој поглед, како да сакаат да прочитаат дали нивниот наод е уреден.

Секој пациент од Онкологија ме растревожува уште пред да ја земам сондата во рака. Се плашат тие, но се плашам и јас од тоа што ќе го видам.

Секоја нивна зголемена жлезда, нова метастаза, секоја новооткриена течност во стомакот, ми го прави денот тажен, а толку често тоа се млади личности кои штотуку зачекориле во светот на возрасните.

А, некоја организирана група на монструми, затскриена во бели мантили, им ги краде милиграмите кои живот значат.

Како само можевте да ги гледате во очи, знаејќи дека ги убивате???

Следни Објави

Тага! На 56 години почина славниот пејач: Неговите хитови секогаш ќе нè враќаат во младоста

Стив Харвел, пејачот и ко-основач на бендот Smash Mouth, почина на 56-годишна возраст, потврди менаџерот на бендот. Роберт Хејс во изјава за магазинот „Ролинг Стоун“ вели дека Харвел починал во својот дом во Ајдахо, опкружен со семејството и со најблиските пријатели. Тој додава дека славниот музичар „умрел во мир“. Харвел […]