fbpx

Прво интервју по разводот: Го спомнува Бог, а без овој човек не носи ниту една одлука

Немам фејсбук-профил, па не сум во тек со коментари и со тоа кој што пишува за мене, бидејќи тоа би ми делувало негативно, вели Анета Љумаковска за реакциите во јавноста откако по 22 години брак одлучи да се разведе со Џими Мицевски.

Познатата пејачка во своето прво интервју по разводот објаснува дека кога нешто не оди треба да се прекине и да се продолжи понатаму, бидејќи, како што вели, животот е еден и е многу краток и треба да се проживее како ние ќе посакаме.

„Се случи тоа што се случи и свесни сме сите дека се’ што се случува е со некоја причина која што само еден Господ ја знае. Најголемата поддршка во овие моменти ми е фамилијата, најмногу мојот брат на кој сум му благодарна до небо. Иако не е тука, тој е многу важна личност во мојот живот без кој не можам да донесам ниту една одлука“, вели Анета за „Гламур“.

Анета и Џими имаат возрасна ќерка која студира и живее во Германија. Анета му е втора сопруга на Џими, а тој од предходниот брак има син кој е исто така музичар.

Познатата естрадна двојка ќе продолжиме да ја гледаме на иста сцена до август наредната година до кога групата „Молика“ веќе има договорено настапи и мораат професионално да ги одработат.

Следни Објави

Д-р Нико Беќаровски: Како само можевте да ги гледате в очи, знаејќи дека ги убивате?

Д-р Нико Беќаровски од Клиниката за токсикологија објави емотивен статус на неговиот профил на „Фејсбук“. Испровоциран од насловот: „Клиниката за Онкологија во 2017 година го фрлила во подрум системот за следење на цитостатици кој оневозможува да се крадат дози“, тој го напиша следново. Секојдневно неколку пациенти од Онкологија, доаѓаат на […]