fbpx

Тага! На 56 години почина славниот пејач: Неговите хитови секогаш ќе нè враќаат во младоста

Стив Харвел, пејачот и ко-основач на бендот Smash Mouth, почина на 56-годишна возраст, потврди менаџерот на бендот.

Роберт Хејс во изјава за магазинот „Ролинг Стоун“ вели дека Харвел починал во својот дом во Ајдахо, опкружен со семејството и со најблиските пријатели. Тој додава дека славниот музичар „умрел во мир“.

Харвел имаше сериозни здравствени проблеми, а лекарите пред некој ден му соопштија дека има само уште една недела живот.

TMZ минатиот викенд објави дека Стив дошол до последна фаза на откажување на црниот дроб, откако со години се бореше со зависност од алкохол.

Во 2021 година Стив објави дека се повлекува од музиката. Претставник на групата тогаш за „Њујорк Пост“ соопшти дека неговото заминување од бендот е трајно и дека во иднина ќе се фокусира на своето физичко и ментално здравје.

Следни Објави

Само три се: Овие хороскопски знаци се најубави!

Луѓето родени во овие хороскопски знаци не се препознатливи само по физичката убавина, туку и по карактерните црти кои ги прават секогаш привлечни. Некои од нив имаат неверојатно привлечно лице, други се препознатливи по нагласените црти, а трети, пак, имаат поглед кој никогаш не ве остава рамнодушни. Еве кои се […]