fbpx

Имаше ангелски глас: Светот се простува, познатата пејачка почина на 35 години

Поп-пејачката Захара почина на 35-годишна возраст. Имаше проблеми со црниот дроб предизвикани од долгогодишната зависност од алкохол.

Африканската поп-уметница, која се најде на листата со 100 влијателни жени на Би-Би-Си, починала во болница во Јоханесбург, јавуваат јужноафриканските медиуми.

Захара, чие вистинско име е Булелва Мкутукана, се прослави во 2011 година со албумот „Loliwe“.

Со години се бореше со зависност од алкохол, а минатиот месец беше хоспитализирана.

Министерката за култура на Јужна Африка, Зизи Кодва, ја информираше јавноста за смртта на пејачката и рече дека „владата веќе некое време се грижи за нејзиното семејство“.

Захара ја изведе носечката нумера за Нелсон Мандела во неговиот дом во 2013 година пред неговата смрт. Таа, исто така, водеше кампања против насилството врз жените во Јужна Африка, кое во 2020 година го опиша како „пандемија“ во земјата.

Захара откри дека била нападната од маж кој ја испрскал со солзавец додека била во нејзиниот автомобил.

„Мажите се чувствуваат како да имаат право на жени, како жените да се нивни. На мажите во Јужна Африка им е важно само тоа што ги засега нив самите“, изјави таа за Би-Би-Си.

Следни Објави

Обвинителот откри нови детали за убиствата на Вања и Панче: Сега се на потег турските власти

Гаврил Бубевски, шефот на скопското Обвинителство, денеска изјави дека материјалните докази во истрагата за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски одат во насока на тоа што тројцата соизвршители го зборувале во исказите пред полицијата и Обвинителството. Доказите со кои располага обвинителството го потврдувале она што го кажале осомничените. „Во […]