fbpx

ТАГА! Почина познатиот пејач! Се огласи неговата ќерка, скршена е (ФОТО)

По долго боледување почина Кристофер Дигнам, пејачот на ирскиот рок-состав Aslan, јави Би-Би-Си.

Тажната вест на социјалните мрежи ја потврди неговата ќерка Кира.

„По долга и храбра битка тато мирно не’ остави таму каде што посакуваше, дома опкружен со своето семејство. Ве молиме да ја почитувате нашата потреба за приватност во овие исклучително тешки мигови“, напиша во објавата.

Таа ги замоли фановите сите да го чуваат во нивните срца, да го негуваат споменот на овој „извонреден и талентиран пејач, одличен раскажувач и неверојатна личност“.

Ирскиот претседател Мајкл Ди Хигинс изјави дека г-дин Дигнам и неговите колеги од бендот имале „извонредна врска“ со нивната публика.

„Кристи беше централен во таа врска, со неговите страствени настапи обезбедувајќи незаборавна ноќ секојпат кога групата настапуваше“, подвлече тој.

Кристи Дигнам е роден во Даблин 1960 година. Музичката кариера ја започна две децении подоцна.

Водеше многу битки во текот на својот живот, вклучувајќи и зависност од дрога, сексуално злоставување што го претрпел како дете и агресивни напади на депресија, пишува Би-Би-Си.

На Дигнам му беше дијагностицирана амилоидоза во 2013 година и првично му било кажано дека најверојатно му преостануваат само уште неколку месеци живот. Болеста му предизвикува акумулација на абнормални протеини во телото, предизвикувајќи откажување на органите.

Во 2014 година, тој за ирски Mirror изјави дека е изненаден што стигнал до своите 50-ти.

„Доживеав авионска несреќа пред неколку години, се борев со зависност од дрога и сега оваа работа со ракот.. Тоа се три изгубени животи, ми остануваат уште шест“, се пошегува во едно интервју.

Следни Објави

Потресно! Естрадата не може да се соземе, се огласи Јана: Нека почива во мир!

Естрадата во целиот регион му дава максимална поддршка во овие исклучително тешки мигови на познатиот босански пејач, автор и продуцент Енес Беговиќ (58). Неговиот 29-годишен син почина вчера во Клиничкиот центар на Универзитетот во Сараево. Сега се огласи и Јана. Познатата пејачка е скршена од тага. „Нека почива во мир. […]