fbpx

Естрадата се простува од познатиот пејач: Жена му загина бизарно, често се закануваше дека ќе се самоубие

Ренди Мајснер, басистот и основач на легендарниот бенд „Иглс“, почина на 78-годишна возраст, објавија од групата.

Мајснер починал во средата во Лос Анџелес од компликации на хронична опструктивна белодробна болест.

Поранешниот колега од бендот, Дон Фелдер, Мајснер го нарече „најубавиот човек во музичкиот бизнис“, а тој го формираше бендот со Дон Хенли, Глен Фреј и Берни Лидон.

„Ренди беше составен дел од „Иглс“ и одигра важна улога во раната фаза од ѕвездените мигови на составот. Неговиот вокален опсег беше неверојатен, што може да се слушне на препознатливата балада Take It to the Limit“, напишаа членовите на бендот.

Мајснер беше во бендот за време на снимањето на некои од најпопуларните песни и албуми, завршувајќи со култниот проект „Хотел Калифорнија“ во 1976 година.

Потоа ја напушти групата, како што им соопшти на фановите, поради болест и носталгија кон домот. Како соло-изведувач потоа никогаш не ја постигна истата популарност и покрај хитовите Hearts on Fire и Deep Inside My Heart.

Двапати се женеше. Со првата сопруга има три сина, а втората сопруга бизарно настрада откако случајно си пукаше во глава додека ја поместувала пушката за која Мајснер имал дозвола. Полицијата утврди дека тој не е виновен за ова, но потоа долго време бил под опсервација, бидејќи често се заканувал дека ќе се самоубие и долго време имал психички проблеми.

Имаше сериозни проблеми со алкохолот, а во 2015 година му беше дијагностицирано биполарно, откако судијата нареди дека мора да биде под лекарски надзор.

Следни Објави

В недела е Огнена Марија: Еве што не треба да правите на овој посебен ден!

Православните верници на 30 јули го одбележуваат празникот Света великомаченичка Марина, во народот познат како Огнена Марија, која се почитува како борец за христијанската вера и заштитничка на жените. Според народното верување, Света Марина пали и казнува со огин и како и Свети Илија кој казнува со гром, спаѓа во […]