fbpx

Оваа жена Тоше ја сакаше најмногу: Долго ги чуваше нејзините пораки

Детали од животот за човекот кој беше идол во целиот регион не престануваат да ја интригираат јавноста, а оваа жена се смета за негова единствена вистинска љубов, пишуваат српските медиуми.

Манекенката Благица Мицова и Тоше Проески се запознале во 1998 година. Денес таа е мажена и има син.

Нивната врска траела до почетокот на 2002 година, а ја прекинале под притисок на популарноста. По евровизискиот настап на Проески во 2004 година повторно се смириле, па прекинале.. Конечно се разишле 2006 година, пишува „Еспресо“.

Сепак, пријател на Тоше вели дека тие секогаш биле во контакт и дека тој редовно ѝ испраќал влезници за неговите концерти. Дури се пишуваше дека нивните пораки биле чувани во мобилниот на пејачот и неколку години по трагичната сообраќајка.

„Знам дека јавноста сака да знае детали за мојата љубов со Тоше, но ниту еднаш не дадов интервју и не ја открив нашата приватност. Тоа така ќе остане засекогаш“, изјави Благица во интервју пред седум години.

Следни Објави

Ни го киднапиравте единственото нешто што го имаме: Македонската новинарка со брутално искрена порака

Новинарката Мери Јордановска секогаш добива многу реакции на „Фејсбук“ за статусите кои јавно ги постира, а во кои отворено зборува за актуелните општествено-политички состојби кај нас. Таа овојпат се осврна на денешниот Ден на независноста, а нејзината реакција ви ја пренесуваме во целост. Шарената револуција почна пред 7 години, откако […]