fbpx

За него велат дека е вистинскиот татко на принцот Хари: Еве како изгледа

Џејмс Хјуит, познатиот љубовник на принцезата Дијана, со години живее повлечено.

Последен пат папараците успеаја да го фотографираат пред неколку месеци, на аеродром, а претходно пред две години додека шопингуваше.

Поранешниот љубовник на омилената принцеза денес живее затскриено, далеку од медиумите и од целата помпа што го следи кралството, особено откако здравствена состојба наеднаш му се влоши во 2017 година кога доживеа мозочен и срцев удар.

Хјуит сега има 65 години, и се држи настрана од јавноста, а иако во популарната серија „Круна“ се појави само за миг, во реалниот живот некогаш имаше илјадници и илјадници наслови благодарение на врската со Дијана.

Да потсетиме, тој и трагично починатата принцеза, во времето кога таа беше во брак со британскиот престолонаследник Чарлс, беа во љубовна врска цели пет години, што таа подоцна го призна. Се шушкаше дека тој е всушност татко на помладиот син на познатата Лејди Ди, принцот Хари.

Аферата со принцезата Дијана траела пет години, а се запознале во 1986 година во Лондон. Хјуит беше инструктор за јавање на покојната принцеза, а таа ја призна романсата во интервју во 1995 година.

Лекциите за јавање и љубовта кон коњите брзо прераснаа во взаемна љубов меѓу принцезата и офицерот.

Нивната љубовна приказна траела цели пет години, до 1991 година, кога Хјуит добил покана да се пријави во својата единица и да оди да учествува во Заливската војна. Бил очаен, според сопственото сведочење имал намера да стави крај на својот живот.

Тој беше отпуштен од служба во 1994 година поради кореспонденција со принцезата од Велс.

Џејмс сега работи како градинар со 4.000 фунти годишно и живее со својата мајка.

Хјуит напиша три книги за аферата со Дијана, па дури и учествуваше во неколку реални шоуа. Во неколку наврати се обиде да ги продаде и љубовните писма што му ги праќаше принцезата, за кои јавноста го обвини.

Сепак, многу поинтересно од нивната љубов кон медиумите беше прашањето дали Хјуит е всушност татко на помладиот син на Дијана, принцот Хари. Она што ја натера јавноста да се посомнева најмногу е необичната сличност меѓу младиот принц Хари и Џејмс, бидејќи и двајцата имаат црвена коса и пеги.

Како што еднаш објасни поранешниот љубовник на Лејди Дијана, не е можно тој да биде татко на непослушниот благородник.

„Не, јас не сум негов татко. Тоа е само една од многуте дезинформации што ги пласираат весниците. Тие лаги мора да бидат потешки за Хари отколку за мене“, рече Џејмс.

Извори блиски до Бакингемската палата негираат дека принцот Чарлс не е биолошки татко на принцот Хари, наведувајќи дека тој е роден многу пред принцезата Дајана да има вонбрачна врска.

Следни Објави

Неочекуван пресврт! Шокантни сознанија за момчето-убиец од Прилеп

Маријана Димова, мајката на 14-годишниот Александар Димов кој беше убиен во Прилеп, се’ уште е во шок и не може да се помири дека чедото ѝ е починато. Таа за телевизија „Алфа“ се огласи со нови шокантни тврдења. Димова посочува дека момчето-убиец имал список со планирани убиства. Раскажува дека на […]