fbpx

Има 31 година и сè уште е невин: Сите се чудат кога ќе ја каже причината

Овој 31-годишен маж си има голем проблем во буквална смисла, се шегуваат на социјалните мрежи.

Тој преку отворено писмо се обрати до психологот ангажиран од редакцијата на британски „Мирор“.

„Драга Колин, мојот проблем е навистина голем. Многу мажи сонуваат да бидат надарени, но за мене тоа е кошмар. Многу рано сфатив дека „алатот“ не ми е просечен. Всушност, ми стана јасно уште кога како деца после тренинг одевме на туширање. Сите го коментираа, дури и му дадоа прекар. Звучи одлично, зарем не? Е па, не е, бидејќи имам 31 година и сè уште не сум го употребил. Невин сум. Најмногу што некоја жена успеала е да ме фати за мојата гордост и да го пушти од страв. Сум пробал и да изнајмам жена, но девојката од агенцијата за придружба ми ги врати парите, се извини и си замина“, ѝ напиша тој.

Колин, жената која им дава совети на читателите за нивните разни проблеми, се обиде да најде соодветни зборови за да го утеши.

„Мислам дека проблемот е во тоа што ти сè уште си невин, па со самото тоа себеси си вршиш притисок. Те блокира во тоа што сакаш да го постигнеш. Она што сакам да го кажам е дека ти верувам, ти имаш навистина голем пенис, но не мислам дека тоа е пресудниот момент. Мислам дека ти уште од детството си навлекол страв и срам, па со самото тоа се плашиш штом некоја девојка ќе ти пријде. Мислам дека кога ќе ја запознаеш вистинската девојка со која што ќе се чувствуваш пријатно, ќе се ослободиш и ќе можеш да имаш интимен однос. Исто така, можеби ќе ти помогне и терапија или некое советување за да го надминеш овој голем проблем“, го советува Колин.

Следни Објави

Каква Јованка Броз: Оваа жена му беше најголема љубов на Тито

Ако се суди по историските записи, третата сопруга на Тито, Херта Хас, во 1943 година за време на второто заседание на АВНОЈ, го фатила својот сакан како води љубов со партизанката Даворјанка Пауновиќ, курирка и секретарка на врховниот командант. Двајцата биле жестоко критикувани поради кршењето на партизанските морални норми, односно […]