fbpx

Благица од Штип е мајката која роди четворка: Конечно радост по пет години брак

Благица Зикова од Штип е жената која вчера на свет донесе три момчиња и едно девојче на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство-Скопје.

Бременоста на родилката ја следела докторката Елена Николовска која го извршила и породувањето.

Бебињата се родени во 31-недела од бременоста и се во добра здравствена состојба.

Благица со сопругот Александар сега во ноември ќе прослават пет години брак и се пресреќни што конечно станале родители.

Таа за порталот „ММС“ изјави дека се чувствува супер по породувањето.

„Дечињата, како што е нормално, се во инкубатор. Ова се наши први деца и не би сакала да раскажувам повеќе за нив се додека не излеземе од болница, а не би сакала ни сега да им ги кажам имињата“, вели таа за „ММС“.

Следни Објави

Прва изјава на Елена Ристеска по нападот: Се спасила во последен миг

Македонската поп-ѕвезда Елена Ристеска потврди дека завчера избегнала обид за напад со тврд предмет во познат скопски клуб. Немилиот настан се случил во 2.30 по полноќ, а таа случајот го пријавила во полиција. Нашата поранешна евровизиска претставничка била излезена со пријатели во клубот кога сосема неочекувано женска личност се обидела […]

Можеби ќе ве интересира