fbpx

Страшно! Бебе починало на скопска Гинекологија, подоцна се упокоила и мајката

Голема трагедија се случила на скопската клиника за Гинекологија, дознава „Курир“.

Пред четири месецина на ГАК била примена пациентка со проблеми во бременоста, а по шест дена хоспитализација бебето починало жво нејзината утроба. Подоцна, по пет операции, починала и мајката на бебето.

Од клиниката им ги потврдиле информациите.

„Во август на ЈЗУ У Клиника за гинекологија и акушерство – Скопје примена е таква пациентка којашто имаше придружни здравствени проблеми заради кои бебето починало. Како последица на придружните болести индицирано е завршување на бременоста со царски рез. За жал, постоперативно почнуваат серија последувателни компликации кои условуваат повеќекратни хируршки ревизии“, велат од ГАК за „Курир“.

Во лекувањето на пациентката биле вклучени повеќето од најискусните лекари на ЈЗУ У ГАК, од гинеколошки и од анестезиолошки профил, како и дежурните тимови.

„Тешките одлуки во врска со здравјето на пациентката се донесуваа конзилијарно од најискусните лекари, почитувајќи ги најсовремените медицински протоколи.  За жал, и покрај речиси двомесечен интензивен ангажман и третман, пациентката подлегна на придружните комликации“, откриваат од скопска Гинекологија за КУРИР.

Иако е поминато подолго време, уште се чека потврда од обдукцискиот и од хистопатолошкиот наод, кои прецизно ќе дадат информации за состојбата на пациентката.

Следни Објави

Соопштена новата цена на струјата: Еве колку ќе плаќаме од први јануари!

Цената на струјата за домаќинствата од 1 јануари се намалува за 5, 16 отсто за прв блок, за втор блок и за евтината тарифа останува иста, за трет блок поскапува за 2,88 а за четврт блок за 1,86 отсто. Како што истакна претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски, […]