fbpx

Нови детали за родилката што се обиде да се самоубие: Ова и е прво дете, немала посериозни психолошки проблеми

Родилката која вчера се фрли од првииот кат скопската Клиника за Гинекологија се’ уште се наоѓа во тешка и критична состојба.

Фокус“ неофицијално дознава дека 39-годишната жена има тешки повреди на вратната кичма, градниот кош и главата.

Директорката на скопската Клиника за гинекологија, Викторија Јовановска, вчера во изјава за медиумите рече дека родилката е во многу тешка здравствена состојба.

„Пациентката е во многу критична состојба, ме информираа од КАРИЛ. Немала посериозни психолошки проблеми, иако не сакала да го дои бебето, што не се случува првпат. Табу тема е да доаѓа психијатар тука и да разговара со мајките. Лично мислам дека на сите нас ни треба психијатар, во современото живеење, како совет, не како терапија. Прво дете и е на 39-годишната жена“ рече вчера Јовановска.

Според последните информации, бебето е се’ уште на Гинеколошката клиника и не се знае до кога ќе остане таму, пишува „Фокус“.

Следни Објави

Тајно ја погребала мајка си: Сосетката видела сѐ, шокантен пресврт!

Мелиса Локарт, 43-годишна жена од Ричмонд во Џорџија, била уапсена под сомнение дека се обидела да ја прикрие смртта на нејзината мајка поради финансиска добивка. Миријам Лин Локарт (67) починала во својот кревет на 31 мај 2021 година, а нејзиното тело го пронашла ќерка ѝ со која живеела. Со надеж […]