fbpx

Конечно убава вест! По 14 илјади денари на сметка за овие граѓани

Со растот на просечната плата во Македонија, порасна и минималниот износ за К-15, кој, оваа година ќе изнесува најмалку 14.000 денари.

Оваа бројка се добива кога ќе се земат предвид последните просечни месечни плати што ги објавил Државниот завод за статистика и кога од нив ќе се пресмета правото на регрес за годишен одмор во висина од најмалку 40 проценти.

Исплатата на К-15 или регрес за годишен одмор законски требаше да почне од 1 јули годинава во сите фирми и институции во државата, зошто не постои компанија која е ослободена од плаќање на регрес за годишен одмор кој им следува на работниците.

Со доаѓањето на крајот на календарската година, така се стеснува и рокот до кој мора сите компании на своите работници да им го исплатат К-15.

Следни Објави

Убава вест за пензионерите: Падна одлука, ова многумина ќе израдува

Пензионерите ќе бидат опфатени со новиот пакет на антикризни мерки, исто како што беа опфатени минатата година и на почетокот на оваа година преку енергетскиот пакет кои им се нудеше. Ова го потврди вицепремиерот Фатмир Битиќи во емисијата „Само Интервју“ на Канал 5 телевизија. Тој се осврна и на воведувањето […]