fbpx

Убава вест за пензионерите: Падна одлука, ова многумина ќе израдува

Пензионерите ќе бидат опфатени со новиот пакет на антикризни мерки, исто како што беа опфатени минатата година и на почетокот на оваа година преку енергетскиот пакет кои им се нудеше.

Ова го потврди вицепремиерот Фатмир Битиќи во емисијата „Само Интервју“ на Канал 5 телевизија.

Тој се осврна и на воведувањето на минимална пензија, која треба да биде законски дефинирана.

„Имаме закон со кој два пати годишно ги усогласуваме пензиите, со одредена методологија која е соодветна и дава резултати. Дополнително со носењето на новиот закон за минимална пензија ќе го заокружиме целиот процес на реформа и проблемот со пензионерите ќе го оставиме настрана. Со ова, и следната Влада нема да има потреба да се занимава со оваа проблематика“, изјави Битиќи.

Во телевизиско гостување, за покачувањето на пензиите согласно новата методологија за раст на пензиите и за финансиската поддршка од изминатиот период за најранливата категорија на пензионери, зборуваше и министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска.

„Во моментот 13.200 денари е најниската пензија. До септември оваа година имаме покачување од 24%, додека во изминатиот период согласно Законот за финансиска поддршка на социјално ранливите категории на граѓани беше исплатена материјална поддршка за 4 месеци од 1500 денари за пензиите од 11.525 денари и по 750 за пензиите од 11.526 до 14.000 денари“ рече таа.

Следни Објави

Страшно! Коста ги моли инспекторите, вистинска драма под прозорецот

Коста Кецмановиќ, 14-годишното момче кое на трети мај во ОУ „Владислав Рибникар“ уби девет соученици и обезбедувачот Драган Влаховиќ, вчера цел ден ги молел двајцата инспектори во цивил кои го чуваат да му дозволат да погледне низ отворениот прозорец од просторијата во која е затворен, дознаваат српските медиуми. Инспекторите не […]