fbpx

Последен рок! Еве колку пари треба да ви легнат на сметките

До 31 декември е законскиот рок кога работодавачите имаат обврска да исплатат регрес за годишен одмор.

Според Законот, право на популарниот К-15 има секој вработен со најмалку шест месеци непрекинат стаж кај работодавецот, без разлика дали е на определено или неопределено време.

Минималниот износ за К-15 изнесува околу 14.700 денари (40 отсто од просечната плата во последното тромесечје) додека максималниот износ е 100 отсто од просечната плата, односно нешто над 36.850 денари.

Годинава, за првпат К-15 од 10.000 денари добиваат и 138.000 вработени во јавниот сектор, а некои сектори како полицијата, здравството, образованието, јавните претпријатија веќе исплатија К-15 за своите вработени.

Од следната година висината на К-15 во јавниот сектор ќе биде 30 отсто од просечната плата, односно околу 13.000 денари.

Следни Објави

Ќерка му позира пред коњ: Кога ја погледнал сликата ќе се шлогирал

Насмевка! Овој магичен збор веќе се подразбира пред секое фотографирање. На сликите би требало да изгледаме весели и среќни, како се’ да ни е рамно во животот. Кога ќе пораснеме, најмногу сакаме да го прелистуваме албумот од детството. Се присетуваме на некои одамна поминати времиња, евоцираме спомени.. Еден татко размислувајќи […]