fbpx

Шок! Се појави слика на која Коста пука (ФОТО)

Во тек е судењето против Владимир Кецмановиќ, таткото на 14-годишното момче кое на трети мај во ОУ „Владислав Рибникар“ уби девет соученици и обезбедувачот Драган Влаховиќ.

Против него, кој по инцидентот е во притвор, е покренато обвинение под сомнение дека оружјето што го поседувал во станот не го чувал соодветно, како и дека синот го однел на стрелиште, каде што го обучувал да употребува огнено оружје.

Обвинителството проценило дека постои сомнение дека во период од една година пред трагедијата Владимир го обучувал својот син Коста да ракува со воздушно и со огнено оружје, како и да пука со соодветната муниција. Мета му биле цели во форма на концентрични кругови и силуети на луѓе.

Иако на почетокот претседателот на Стрелачкиот клуб и инструкторот тврдеа дека момчето-убиец никогаш не бил на стрелиштето, истрагата покажа поинаку.

Тоа го докажува и фотографијата која се појави и на која се гледа како тринаесетгодишниот Коста позира во стрелиште со воздушна пушка марка „дијана“, модел „460 магнум“ калибар 4,5 мм, со монтиран оптички нишан.

Како што стои во обвинението, токму на ова стрелиште Владимир Кечмановиќ го обучувал својот син да пука.

Следни Објави

Тој одбра да не контактираме: Илина си ја отвори душата по разделбата со Џамбазов

„Не сум сигурна дали тоа ги олеснува или ги прави работите потешки“, вели таа По разделбата со нашата врвна алпинистка Илина Арсова, Игор Џамбазов максимално ѝ се посвети на работата. Легендарниот актер и шоумен призна дека разидувањето едноставно морало да се случи, а дека за тоа биле свесни и двајцата. […]