fbpx

Ѝ починаа и сопругот и синот: Андријана преживеа хорор, пејачката со потресна исповед

Андријана Божовиќ доживеа семејна трагедија кога ги загуби сопругот и синот.

Овие болни настани оставија длабока трага во нејзината душа, но црногорската пејачка собра сили да продолжи со својот живот.

Храбрата Андријана во едно интервју се осврна на трагедијата.

„Тоа што го доживеав за три години, никој никогаш нема да го преболи и не дај Боже некому да му се случи. Некои работи едноставно не можете да ги контролирате, тие едноставно се случуваат. Тогаш имате две опции. Да се затворите во четири ѕида и да си ја оплакувате судбината или да прифатите се’ што ви се случува и некако да продолжите понатаму“, изјави своевремено таа.

Божовиќ откри како успеала да го преброди тешкиот период.

„Не беше лесно, ни најмалку, но сфатив дека колку побргу ја прифатам реалноста, толку полесно ќе ми биде. Да се ​​изгуби саканата личност е удар, но губењето на детето е нешто што нема адекватен збор за да се опише чувството. Имав втор син на кој му требав да бидам присебна и насмеана. Едноставно решив дека нема друг начин и тоа е тоа. Не дека тие несреќни три-четири години не оставија трага на мене, добив ревматоиден артритис“, призна пејачката.

Андријана пред две години откри дека почнала да работи како фитнес инструкторка. Таа се посвети на вежбањето, а на својот инста-профил често објавува фотографии од теретана.

Таа денес изгледа сосема поинаку.

Следни Објави

Голем грев! Пред Митровден никако не правете го ова

Православните христијани ја одбележуваат Митровденската задушница во знак на сеќавање на починатите. Митровденската задушница е востановена во XIV век и најпрвин била руска традиција, од каде преминала и во повеќето православни цркви. На оваа задушница, во прво време биле спомнувани само православните војници, меѓу кои биле и двајцата монаси Александар […]