Пејачката Анка Поп на овие простори се прослави по дуетот со Горан Бреговиќ за легендарната „Едерлези“.
Нејзиниот живот беше до толку возбудлив, што би можело да се напише сценарио за холивудски филм, велат оние што ја познаваа.
Анка Поп, родена 22 октомври 1984 година, имала само три години кога со семејството побегнала од комунистичка Романија. Кратко престојувала во поранешна Југославија пред да емигрира во Канада.
Во татковината се вратила 1993 година по падот на режимот и веднаш предизвикала внимание во јавноста кога објавила дека е во хомосексуална врска.
Во декември 2018 година ја пронашле мртва, откако нејзиниот автомобил мистериозно завршил во Дунав. Имаше само 34 години.
За нејзиното исчезнување полицијата дознала од сестра ѝ кога пријавила дека со денови ја нема. Истрагата покажала дека се удавила на само неколку километри од семејниот дом.