fbpx

Нови сознанија за мајката на Коста: Се спомнува Македонија, сите се во шок

Миљана Кецмановиќ, мајката на масовниот убиец Коста Кецмановиќ, кон средината на јуни се обидела да ја премине границата и да излезе од Србија, пишуваат тамошните медиуми.

Според сознанијата на „Република“, таа била со ќерка си и наводно планирала да дојде во Македонија и да смести покрај Охридското езеро.

Била запрена на граничниот премин „Прохор Пчињски“ и оттаму вратена, бидејќи против неа е покренато обвинение кое треба да утврди дали навистина има елементи на запоставување и злоставување кога е во прашање нејзиниот син.

Коста Кецмановиќ, сега веќе 14-годишно момче, на трети мај годинава во ОУ „Владислав Рибникар“ уби девет соученици и обезбедувачот Драган Влаховиќ.

Обвинение е покренато и кон неговиот татко Владимир Кецмановиќ кој по инцидентот е во притвор. Тој се сомничи дека оружјето што го поседувал во станот не го чувал соодветно, како и дека синот го однел на стрелиште, каде што го обучувал да употребува огнено оружје.

Следни Објави

Огромна тага! Почина познатата пејачка, се огласи семејството

На 45-годишна возраст почина пејачката Сара Таварес. Тажната вест ја соопшти нејзиното семејство. „По долга и тешка битка со тумор на мозокот, не’ напушти нашето чедо“, стои во објавата. Сара се прослави по учеството на „Евровизија“ во 1994 година. Таа ја претставуваше Португалија со песната „Chamar a Musica“ и го […]