fbpx

Ти си ‘рѓа монструозна! Објавена фотографија од таткото на Вања

Пратеникот Мартин Костовски е само една од многуте јавни личности кои денеска објавија фотографија од таткото на убената 14-годишна Вања Ѓорчевска.

Откако на денешната прес-конференција беше обелоденето дека тој си ја злоупотребил сопствената ќерка за користољубие, масовно го осудуваат на социјалните мрежи.

„Татко! Си створил живот, си створил дете, требаше да ја сакаш највеќе, животот свој да го дадеш!!! Да ја заштитиш од се’ и секој, да ја чуваш, раниш, браниш, охрабриш.. Да бидеш ветерот во нејзините едра!!

..Тато.. Ќе ти ѕвони гласот додека си жив и ќе се каеш што не го даде животот свој!!! Со кое срце, душа и мозок ја стави алчноста пред животот на детето свое?!?!? А тоа ти веруваше!!! Како сега на другото ќе му објасниш дека си татко?!?!?! Ти не си татко-ти си ‘рѓа монструозна!!!“, напиша Костовски на „Фејсбук“.

Следни Објави

Еве што правел таткото на Вања на денот на убиството: Ќе ви се заледи крвта

На Александар Ѓорчевски, таткото на киднапираната и убиената Вања (14), му е одреден 48-часовен притвор. Претходно, на прес-конференција, министерот Оливер Спасовски посочи дека тој негирал вмешаност во случајот. Но, според исказите на тројцата обвинети, тој ги доставувал информациите за времето и местото кога Вања ќе биде сама, а со цел […]