fbpx

Сузана Турунџиева со јасна порака: Ако Бог те благословил да станеш..

Ако Бог те благословил да станеш родител, секогаш имај на ум дека:

– Твоето дете не е виновно за лошиот ден кој си го имал(а).

– Твоето дете не е виновно за твоите фрустрации или трауми од детство.

– Твоето дете не е виновно затоа што ти не си ги реализирал(а) соништата кои си ги сонувал(а).

– Твоето дете не е виновно за проблемите и несогласувањата со твојот партнер.

-Tвоето дете не е виновно за твоите стравови, стресови и љубовни разочарувања.

– Твоето дете не е виновно затоа што дошло на овој свет по твоја одлука и избор, кој ти и само ти го имаш направено.

– Твоето дете дошло на овој свет за да те излечи и научи да сакаш на начин на кој не си ни замислил(а) дека можеш да сакаш.

– Твоето дете дошло на овој свет за да му даде смисла на твојот живот и да те научи да се носиш со сите потешкотии и да се бориш секојдневно, за да бидеш подобра, поуспешна и помудра личност од вчера.

Твоја должност и обврска е да му ја пружиш максимално твојата љубов, грижа, време и внимание, особено да ја активираш твојата ПРИСУТНОСТ, во секој ден oд неговиот живот!

Инстаграм-статус на Сузана Турунџиева

Објавите во рубриката „Мислења“ се без новинарска интервенција и се независни од уредувачката политика на „Мастило.мк“

Следни Објави

Кико е на интензивна: Јутјуберот Стефан Лазаров се огласи доцна во ноќта

Јутјуберот Стефан Лазаров кој со своето влијание на социјалните мрежи успеа да го крене на нозе народот за да се соберат пари за лекување на малиот Кико, предмалку се огласи со нова порака. „Кико е на интензивна, но со стабилизирана состојба. Се разбудил и е под анестезија, докторите се грижат […]