fbpx

Децата го обожавале: Шок сознанија за еден од осомничените за убиството на Вања (ФОТО)

Меѓу петте лица осомничени за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска е и каратист.

Боре Видевски, спортист од Велес, кој е во притвор, бил уапсен во неговата спортска школа за боречки вештини, јавија повеќе македонски медиуми.

Видовски е еден од тројцата приведени осомничени, заедно со Велибор Манев и Влатко Кешишев. Освен за киднапирање, сите тројца се осомничени за двојно убиство-на малолетната Вања и на 74-годишниот фризер Панче Жежевски.

Тие во понеделникот добија притвор од 48 часа. На распитот го откриле времето кога е убиена Вања, а кога е убиен Панче.

„Имаме признание од осомничените кој за што е одговорен“, изјави вчера главниот јавен обвинител Гаврил Бубевски.

Според првичните информации, тие во своите изјави рекле дека ја убиле Вања затоа што работата излегла од контрола.

„Тоа е нивната верзија“, додаде Бубевски.

Видевски на своите профили на социјалните мрежи има фотографии со деца кои ги тренирал во боречки вештини.

Коментарите под фотографиите сведочат дека осомничениот бил мајстор во спортот, како и дека учесниците и нивните родители го обожавале.

Засега не се знае каква била неговата улога во киднапирањето, а властите вчера на прес-конференција соопштија дека осомничените признале што направиле во случајот што го шокираше Балканот.

Видевски е тајно изведен на суд, објавија претходно медиумите. Тој бил спроведен во судницата преку гаражата на судот, а потоа со лифтот до третиот кат.

По главниот осомничен за двојното убиство, Љупча Палевски-Палчо е распишана меѓународна потерница. По злосторството на 30 ноември избегал во Белград, а оттаму во Бугарија.

На Александар Ѓорчевски, таткото на убиеното 14-годишно девојче, синоќа му е одреден притвор. Тој ќе биде сместен во затворот „Шутка“ каде се и другите тројца осомничени. Постои сомневање дека им кажал на убијците кога и каде ќерка му ќе биде сама.

Следни Објави

Детали за инцидентот во Карбинци: Го паркирал голфот, па ја поканил на кафе

Обид за киднапирање во училишниот двор во ОУ „Страшо Пинџур“ Карбинци, Штипско повторно ја вознемири македонската јавност, се’ уште опоравувајќи се од двојното убиство кое го згрози цел Балкан. Настанот за локалната телевизија Стар го потврди директорката на училиштето, Наталија Костова, но и тамошниот градоначалник Виктор Паунов. Иако, првичните информации […]