fbpx

Татко ми бил пронајден мртов, закопан.. Се огласи ќерката на убиениот Панче

Исто лице е осомничено за убиствата на исчезнатата 14-годишна Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски кој имаше 74 години.

Според обвинителот, сите осомничени се Македонци. Вања беше исчезната од понеделникот (27 ноември), додека Панче од средата (22 ноември).

Вања и Панче никогаш во животот не се познавале, ниту пак се сретнале. Тоа за „Фокус“ го открива неговата ќерка Македонка.

Тврди дека ниту таа, ниту пак било кој од нејзиното семејство ја познавал Вања или некој од нејзиното семејство.

„Ниту татко ми, ниту било кој од нас го познавал девојчето лично. Јас сум во полициска станица, уште не знам ништо, освен тоа дека татко ми бил пронајден мртов, закопан. За тоа дека мотивот за убиството бил користољубие, првпат слушам од вас, од новинарите. Не сум го прочитала соопштението од МВР, но можам да кажам дека татко ми никогаш не бил богат човек, затоа и терминот користољубие не знам што значи. Во станица сум, не можам ништо повеќе да кажам, бидејќи и јас немам детали“, вели ќерката за „Фокус“.

Следни Објави

Ова се осомничените за убиствата на Вања и Панче: Еве како се познавале

Љупчо Палевски познат и како Палчо е осомничениот кој според истрагата, стои зад двојното убиство кое ја вознемири македонската јавност, пишува „Фокус“. Едното убиство е извршено во Велес каде е убиен 74-годишниот фризер Панче Жежовски, а другото во Скопје каде е убиена 14-годишната Вања Ѓорчевска. Палевски е недостапен и најверојатно […]