fbpx

„Прашуваат чиј производ е Палчо? Па, зарем не се сеќаваме..“

Постојано владини мегафони прашуваат: „Чиј производ е Палчо”? (за кој патем мора да важи презумпција на невиност, се додека не е осуден)

Мојот одговор е: на ова распаднато општество, на распаднатиот безбедносен систем, на корумпираното СЈО каде се продаваа и се уценуваше со прислушкувани разговори, на епидемиската корупција.

И сега се сомневам зошто мин. Спасовски јавно на прес го прогласи осомничениот за сигурен убиец, не почитувајќи го правото на невиност додека не се осуди?

Дали некој не му подготвува терен да бара политички азил со ваквите изјави (според Проф. Калајџиев)?

Дали некому не му одговара осомничениот да пропее?

Па зарем не се сеќаваме како „го избегаа“ Груевски?

Затоа прашањето кое го поставуваат, треба самите тие да го одговорат.

Во меѓувреме јавноста бара правда за младата Вања и за фризерот Панче. Правда и вистинска работа на органите. Доста од манипулации!

Донесете го, докажете и осудете ги сите кои учествувале во овој грозоморен чин.

Фејсбук-статус на Солза Грчева, поранешна пратеничка

* Објавите во рубриката „Мислења“ се без новинарска интервенција и се независни од уредувачката политика на „Мастило.мк“

Следни Објави

Плачат сите, Весна повеќе ја нема: Почина омилената пејачка од „Никогаш не е доцна“

На 55-годишна возраст ненадејно почина пејачката Весна Купрешак, ѕвезда од омиленото семејно шоу „Никогаш не е доцна“. Последен пат во емисијата се појави минатата година, кога на целиот тим му кажа дека го победила ракот, дека нема да се откаже од музиката и дека ќе пее до последниот здив. Во […]