fbpx

Плачат сите, Весна повеќе ја нема: Почина омилената пејачка од „Никогаш не е доцна“

На 55-годишна возраст ненадејно почина пејачката Весна Купрешак, ѕвезда од омиленото семејно шоу „Никогаш не е доцна“.

Последен пат во емисијата се појави минатата година, кога на целиот тим му кажа дека го победила ракот, дека нема да се откаже од музиката и дека ќе пее до последниот здив.

Во емотивна исповед за „Гранд“ Весна детално раскажа за битката со ракот на грлото на матката и јајниците и откри дека последните години поминувала низ вистински пекол, особено по агресивната терапија и коронавирусот поради кој се борела за живот.

„Не сакав да гледам како ми опаѓа косата, па сама си ја избричив главата“, кажа Весна во една прилика нагласувајќи дека само еден пропуштен преглед ја чинел здравје.

Весна се натрпеваруваше во втората сезона на „Никогаш не е доцна“.

Следни Објави

Ова беше омилениот колач во СФРЈ: Бабите го правеа секоја Нова година (рецепт)

Највкусниот рецепт од тефтерот на баба ми За претстојните празници, а особено за новогодишната ноќ ви предлагаме да направите еден убав колач кој нашите баби постојано го приготвуваа. СОСТОЈКИ: * 150 гр ореви * 2 јајца * 60 гр шеќер * ванилин шеќер * 200 мл млеко * 100 мл […]