На први декември, истиот ден кога избегал од земјава, осомничениот за убиствата на Вања и Панчо објавувал содржини на својот фејсбуки профил.
Додека целата јавност трагаше по исчезнатото девојче, осомничениот Љупчо Палевски, секојдневно објавувал статуси.
Последната објава му е во петокот на први декември во 13:51.
Палевски е поранешен градежен претприемач, а сега политички активист. Неговите статуси се најчесто политички пораки со националистичка и антизападна содржина.
Во петокот, кога завршуваше Самитот на ОБСЕ во Скопје, тој има шест објави на Фејсбук поврзани со политика, јавува „Телма“.
На 29 ноември, два дена по исчезнувањето и убиството на девојчето, тој има видеообраќање до своите следбеници, повторно поврзано со политика, како и уште неколку политички објави.
Само ден по убиството на девојчето има обраќање од час и половина во кое беседи дека Македонија е пералница на пари во Европа. Истиот ден објавува и 2,5-часовна видео дебата.
На денот на грабнувањето и убиството на девојчето нема објавено ништо на Фејсбук.
На 22 ноември, кога исчезнува убиениот Панче Жежовски од Велес, Љ.П. има неколку политички објави на неговата Фејсбук страница. Во ниту еден момент не ги споменува исчезнатите по кои трага цела Македонија.