fbpx

Имала однос на плажа, за 9 месеци ѝ извадиле нешто бизарно: Не било само бебето

Трудницата ги шокирала дури и здравствените работници

Кога жена се подготвува за пораѓање, постојат неколку работи кои мора да се завршат. Торбицата за во болница веќе некое време е стокмена, а ако трудницата има време и нема преголеми болки, веројатно ќе стигне и да се истушира.

Сепак, не секогаш работите се одвиваат по план, а некогаш и самите лекари и бабиците остануваат шокирани кога ќе видат со кого си имаат работа. Неретко има сведоштва од нивна страна за чудни предмети кои ги пронаоѓале кај бремените жени додека ги подготвувале за самиот чин на пораѓање.

Пироска Кавел, бабица во пензија која работела во повеќе болници ширум Обединетото Кралство и во приватниот и во јавниот сектор, раскажува дека во нејзината долгогодишна кариера извлекла десетици предмети од вагините на идните мајки при пораѓањето.

Иако вели дека луѓето си мислат оти нејзината работа е „седење и галење на бебињата“, тоа како што нагласува е далеку од реалноста. Таа за британски „Сан“ се отвори за една од неколкуте бизарни ситуации со кои се соочила.

-Кај една трудница извлековме долен дел од бикини. Бил внатре веќе некое време. Ѝ реков на мајката дека ова мора да го отстранам. Нејзиниот одговор беше: „Оф, овие купаќи ги немав видено околу девет месеци“-раскажува Кавел.

Според зборовите на мајката, детето било зачнато на плажа по неколку чаши испиено вино, а за остатокот од приказната не била подготвена да зборува.

Кавел објаснува дека предметите можат да се заглават или да се вплеткаат во грлото на матката, што резултира со прилично неочекувани ситуации по прегледот.

„Еднаш, пак, наидовме на пластичен врв од метличка. Сме пронашле и изгубен тампон, лажни нокти, изгубен пирсинг.. Среќа, предметите беа лоцирани на време, па ниту во еден случај не се соочивме со некаква поголема инфекција“, завршува Кавел.

Следни Објави

Допрел нешто ненормално кај девојка му в кревет: Се запрепастил од одговорот

Ени Шарлот е 24-годишна Британка на која ѝ е дијагностицирана ретка состојба. Оваа девојка има две вагини и две менструации месечно, а дури би можела истовремено да забремени со две бебиња од двајца различни татковци, потврдиле лекарите. Жената со две комплетно функционални вагини и со две матки се научила да […]