fbpx

Мајка си го пикнала бебето в рерна: Марија уби осумесечно дете, му немало спас

Случајот со смртта на бебето, кој беше пријавен на 9 февруари околу 13 часот, го потресе Мисури, а тамошната полиција го истражува случајот.

Имено, бебето починало како последица на изгореници откако мајката Марија Томас го ставилo во рерна.

Маја тврди дека детето по грешка го ставила во рерна наместо во лулка. Екипите кои дошле на местото на трагедијата можеле само да констатираат смрт на детето.

Марија веднаш била однесена во станица, а полицијата ги испрашала и нејзините родители кои пред трагедијата биле со неа во куќата. Тие истакнале дека тоа утро и Марија и бебето биле будни и изгледале расположено.

Околу осум часот излегле од дома и отидшле в град-мајката во градинка каде што работи, а таткото на интервју за работа.

Околу 13 часот Марија му се јавила на таткото, вообичаено време кога секојдневно го контактирала, но овој пат целата била вознемирена. Рекла дека бебето не е добро и дека мора веднаш да се врати дома.

„Кога втрчав во куќата почувствував мирис на чад, а бебето беше во лулка, не дишеше. Го зедов и прашав што се случило, а таа ми рече дека мислела дека го спуштила бебето во креветчето, но дека всушност го турнала едномесечното бебе во рерна“, изјавил таткото.

Исказ во полицијата дала и бабата на детето.

„Излеговме од дома малку пред осум, а ќерката и бебето ги оставивме да дремнат. Околу 13 часот ми се јави сопругот и ми кажа дека нашата ќерка го ставила бебето во рерна наместо во лулка. Му реков веднаш да повика помош, но тој продолжи хистерично да вришти по телефон“, раскажала жената која рекла дека веднаш побегнала дома од работа каде ја нашла полицијата.

Според полицискиот извештај, безживотното тело на бебето со видливи изгореници било пронајдено на автомобилско седиште во дневната соба. Бебето преку пелената носело боди, кое на некои места било поцрнето, како да било изгорено. Имало страшни изгореници на многу места на телото, а кожата се залепила за пелената од жештината. Во собата било пронајдено и изгорено ќебе, пренесува „Телеграф“.

Следни Објави

Мајсторе! Овој момент долго ќе се раскажува за нашиот Мики во „Ѕвездите на Гранд“

Вики Миљковиќ сношти не можеше да му најде ниту една мана на Мики Секуловски, македонскиот натпреварувач кој атакува на победа оваа сезона во „Ѕвездите на Гранд“. „Немам ниедна забелешка за Мики. Едвај чекам да те видам кога настапуваш, да видам какви нови работи ќе отпееш и ќе ни покажеш. Ти […]