Кога ќе прочитате за кого станува збор, ќе сфатите колкава трансформација доживеало ова момче во својот живот.
Станува збор за пејач која има завидна кариера и многу хитови.
Со музика почнал да се занимава уште на многу млада возраст, на само 15 години, кога настапувал со различни групи на локални гитаријади.
Омилен инструмент на овој омилен музичар на Македонките му е пијаното, а свири и тапани и бас гитара.
Во 1991 година се пресели од Ровињ во Загреб, каде што ја започна својата самостојна кариера.
Ја претставуваше Хрватска на „Евровизија“ во 1994 година со песната „Нек ти буде љубав сва“.
Беше член на жирито на музичките натпревари „Хрватска бара ѕвезда“ и „The Voice“.
Станува збор за Тони Цетински.
Она што е интересно е дека на почетоците на кариерата негувал сосема поинаков стил од денешниот.
Имал долга кадрава коса и бил многу послаб, но она што го оддава се неговите препознатливи очи.