fbpx

Раскина со водителката Сања, па ја запроси убавата докторка: Аце знае да одбере

Хармоникашот Аца Софронијевиќ се вери со својата девојка, по професија докторка, со која е во врска една година.

Како што пишуваат српските медиуми, познатиот музичар веќе закажал и венчавка за почетокот на мај.

„Не ме сфаќајте погрешно, но тоа е моја приватна работа и кога ќе сакам да разговарам за тоа, ќе објавам“, кусо изјави Софронијевиќ.

Кон крајот на 2022 година, Софронијевиќ ја прекина долгогодишната врска со водителката Сања Ќулибрк.

„Љубовта е слобода, а сега ја имам мојата слобода. Среќен сум и не би зборувал многу за тоа, сакам да го задржам приватниот живот само за себе, но без љубов не се живее. Ние сме многу сериозни, но полека. Ќе се дознае кога ќе дојде време. Морам уште малку да ја кријам“, изјави претходно Аца за „Гранд“.

Следни Објави

Најпознатото момче од Македонски народни приказни денес е непрепознатливо

Тој е докажан македонски театарски, филмски и телевизиски глумец и режисер. Публиката најмногу го препознава од култниот телевизиски серијал „Македонски народни приказни“. Владо Дојчиноски е роден е во Охрид во 1986 година. Дипломира на Факултетот за Драмски уметности во Софија, во 2008 година и истата година се вработува во Народен Театар Куманово. Дел е […]