fbpx

Заминав за Белгија, му требав на семејството: Мики не се срами од минатото, растура во „Ѕвездите на Гранд“

Го паметиме од „Македонски Идол“ каде што беше еден од најсериозните кандидати за победа. Се’ уште се прераскажува неговата маестрална изведба на темата „Све још мирише на њу“ од „Парни Ваљак“ која има илјадници прегледи на „Јутјуб“.

По завршувањето на шоуто сними неколку песни, но без позначителен успех.

Велешанецот Мики Секуловски сега има 36 години и повторно е во фокусот на јавноста, овојпат како натпреварувач во „Ѕвездите на Гранд“. Негова менторка е фолк-ѕвездата Цеца, но и останатите членови на жирито имаат само пофални зборови за неговиот глас.

„Последниве шест години од мојот живот заминав во странство и таму работев како келнер, но поради мои семејни причини и не сакам многу да зборувам за ова. Не доживеав разочарување туку такви беа приликите, во тој период му бев потребен на моето семејство и морав да бидам со нив. Само што можам да кажам за ова е дека ако се врати времето повторно би го направил истото. Во овој контекст, мојата втората професија „келнер“ за мене воопшто не е понижувачка како што некои коментираат. Јас мислам дека кога човек има потреба не би бирал работа и не е срамота чесно да заработуваш“, раскажува Мики за „Женски магазин“.

Вели дека е скромен човек и дека парите не му биле приоритет во животот.

„Ја сакам музиката, јас сум музичар по професија и ќе нагласам музиката не ми е хоби, туку професија. Впрочем за тоа и имам завршено средно музичко училиште и сум дипломиран оперски пејач. Што значи дека сакам и треба да ја работам оваа работа како музичар и од тоа да заработувам и живеам“, вели тој.

Следни Објави

Битола во шок: Почина млада жена, пронајдена е во бањата

Тешка несреќа се случи Почина 34-годишна битолчанка, информира „Вести плус“. Била пронајдена завчера задушена од плин во бањата на нејзиниот стан. Тимот на итната помош не успеал да ја реанимира, а потоа реанимација без успех била направена и во битолската болница, пишува истиот портал. Од полицијата информираат дека телото на […]