fbpx

„Бог ќе ми прости!“ Се спакува и замина: Кога мајка му дозна каде оди, не престана да плаче

Жената не можела ни да замисли што се’ му поминува низ мислите, а потоа почнала да плаче

Самохрана мајка од САД често објавува видеа на TikTok каде што зборува за тоа како се справува со депресијата откако го изгубила сопругот.

Ешли Ирвинг обично се бави со проблеми поврзани со менталното здравје, а едно од нејзините неодамнешни видеа расплака многу нејзини следбеници.

Во видеото кое собра околу пет милиони прегледи, раскажува како нејзиниот син решил да го посети татка си во рајот. Во рацете, како што вели, држел чанта со мотив од Спајдермен.

„Кога ја видов спакуваната торба, го прашав син ми каде планира да оди. Ми кажа дека утре го чека големо патување“, раскажува на почетокот.

Збунета, мислела дека се работи за миса, но синот ѝ дал многу тажен одговор.

„Не, тоа ќе мора да почека, но Господ ќе ми прости“, ги пренесува зборовите на синот, не можејќи да ги задржи солзите.

Тогаш момчето и открило дека планира да го посети својот татко во рајот.

Ешли потоа ја отворила торбата за да види што има намера да земе со себе. Видела дека момчето спакувало костум од суперхерој, свирче, топка и две нови бејзбол ракавици.

Покрај играчките, тој го спакувал и првиот паричник на татко му во кој се’ уште стојат семејни фотографии, неговата колонска вода и мокасините кои му биле омилени.

„Секогаш кога мојот покоен сопруг и син ми одеа на пат, тие се враќаа со цвеќе. Ви ветувам дека и утре мојот син ќе го направи истото“, низ солзи заклучи таа и расплака многумина.

„Ова е во исто време најтажното и најубавото нешто што сум го видел“, е коментарот на еден корисник на социјалните мрежи.

Следни Објави

Откри дека жена му Кате се проституира: Ја фати на дело, нејзиното правдање е хит

Неидентификуван маж неодамна дозна дека неговата сопруга има профил на популарната платформа за возрасни „Онли Фенс“. Вистината ја дознал од пријател кој наводно ја забележал случајно додека си сурфал навечер. Изневерениот сопруг во истиот миг направил лажен профил и цела недела се допишувал со неа за да добие цврсти докази […]