fbpx

Еве кога ќе бидат исплатени пензиите

Априлската пензија се очекува да  биде исплатена на втори мај, со оглед дека први мај е неработен ден.

Некои од банките пензијата најаверојатно ќе ja исплатат и пред празникот.

Мартовските пензии беа покачени за пет проценти. Најниските пензии беа зголемени за околу 600 до 800 денари. Во оваа најниска група спаѓаат околу 40 отсто од пензионерите, или тука се околу 140 илјади пензионери. Нивните примања се од 12.500 до 16.000 денари, а нивното усогласување е околу 5,3 отсто.

Додека, пак, од вкупно 337 илјади пензионери, 93 илјади земаат пензија од 20 до 32 илјади денари, и сега нивните месечни прилив се поголеми за околу 1.250 денари.

За оние чии пензии се од 30 до 50 илјади денари, добија плус 2.000 денари. Оние кои се малку и чија месечна пензија е над 54 илјади денари, можат да се пофалат со зголемување од нешто помалку од 3.000 денари.

Следното покачување се очекува веќе во септември.

Следни Објави

Овој статус Македонците масовно го споделуваат: Наставничката им одржа лекција!

Една наставничка одлучила да го сподели своето искуство со информирање на учениците (родителите треба да размислуват и за тоа) зошто малтретирањето (понижување, насилство, навреди) е лошо.. Еднаш пред почетокот на часот, влегов во продавницата и купив 2 јаболки. Тие беа скоро исти: иста боја, приближно иста големина.. На самиот почеток […]