Нов терен денеска се „чешла“ на осмиот ден од исчезнувањето на малата Данка.
Пожарникарите ја „чешлаат“ депонијата на Стари Бањски, пишува српски „Телеграф“, наведувајќи дека во истрагата за исчезнувањето на двегодишната Илиќ се појавила нова трага.
Двегодишното девојче последен пат било видено во вторникот во 13 часот и 45 минути попладне во Бањско Поле кај Бор во Србија.
Во моментот на исчезнувањето, Данка Илиќ носела маслинесто зелена јакна, виолетови панталони, црни патики и косата и била врзана во опавче.
Веднаш започна потрагата по неа, а исто така за прв пат поради Данка во Србија беше пуштен системот „Најди ме“, сличен на американскиот „amber alert“.
Нејзините родители, особено нејзината мајка, неколку часа биле испрашувани во полиција, а на вештачење бил испратен и телефонот на нејзината мајка. Таа не била подложена на полиграфско тестирање бидејќи е во друга состојба и помалку законски обврзана да го стори тоа, додека таткото бил и тој го положил тестот.
Полицијата во повеќе наврати изјави дека мајката на Данка Илиќ, Ивана Илиќ, не е осомничена, но дека со неа постојано се разговара за сите детали за исчезнувањето на нејзиното чедо.