fbpx

Нови шок детали од истрагата: Вака била убиена малата Данка

Ново откритие од истрагата за убиството на малата Данка ја шокира јавноста

Осомничените вработени во ЈКП Водовод, Срѓан Јанковиќ и Дејан Драгијевиќ, ја убиле малата Данка Илиќ (2), а ново откритие од истрагата дополнително ја вознемири јавноста.

Шефот на Управата за криминалистичка полиција, Нинослав Чмолиќ, обелодени шокантно откритие.

Имено, откако ја удриле Данка со својот автомобил, помислиле дека е мртва и ја ставиле во багажникот, но девојчето било живо и во еден момент се разбудило.

„Според нивните изјави, застанеле да уринираат во близина на куќата. Подоцна, кога продолжиле, ја удриле Данка и потоа ја ставиле во багажникот. Чудното движење на нивното возило било снимено на ГПС. Нивните искази не се поклопуваат за давењето на детето, бидејќи детето се разбудило додека возеле, а сопатникот ја задавил Данка. Но, според дадените изјави, тие не можат да се договорат кој го давел девојчето. Јасно е само дека подоцна ја фрлиле во депонија“, изјави началникот на српската полиција.

Полицијата деноноќно собира докази.

„Еден од убијците има блокада и не се сеќава каде го оставил телото. Факт е дека нивните приказни се совпаѓаат со деталите за ударот, но не се усогласени за вистинското убиство на детето. Данка била во несвест откако ја удриле со автомобил, а мислеле дека е мртва, па се изненадиле што се разбудила. Едниот ја удавил и на крајот ја фрлиле на депонијата“, вели Чмолиќ.

Следни Објави

Овој извор излекува многу Македонци: Еве кај се наоѓа

Во под­нож­је­то на ри­дот со ма­на­стир­ски­от комп­лекс, под ар­хе­о­ло­шки­от ло­ка­ли­тет Го­вр­ле­во, во бли­зи­на на Дол­но Сол­ње, се на­о­ѓа цр­квич­ка­та „Све­тите Куз­ман и Дам­јан“. Ме­ѓу вер­ни­ци­те е позната по ле­ко­ви­та­та во­да што из­ви­ра во неј­зи­ни­от ол­та­рен дел. Из­гра­де­на во по­но­во вре­ме, 1936 го­ди­на, на ме­сто на кое из­ви­ра­ла во­да, оваа цр­ква […]