Срѓан Јанковиќ од село Лука и Дејан Драгијевиќ од село Злот се осомничените за убиството на малата Данка.
И двајцата се вработени во ЈКП Водовод.
Јанковиќ е осомничен дека управувал службеното возило во моментот кога наводно удрил во двегодишното девојче, додека во автомобилот бил и Драгијевиќ.
„Дејан никогаш не се ожени, не правел големи проблеми, но сите знаат дека е по чашката. Никогаш не мислевме дека ќе биде способен за вакво нешто“, раскажуваат неговите соседи.
Срѓан, пак, кој подолго време е вработен во Водовод се развел пред околу една година.
„Има син и снаа, но и внука. Не знам како можеше да му текне такво нешто, се надевам дека не е вистина“, раскажува сосед од селото.
Инспекторите ги донеле на местото на злосторството, односно на местото каде најверојатно со својот автомобил ја прегазиле малата Данка.
Телото на девојчето се’ уште не е пронајдено.
Осомничените се уапсени, а според информациите по претресот на автомобилот кој го возеле биле пронајдени траги од крв. Депонијата каде што се сомнева дека е телото на исчезнатата Данка Илиќ (2) се наоѓа на патот, на кривина која потоа води до главниот пат на релација Брестовичка Бања-Бресотвац.