fbpx

Ги покажа новите заби од Турција, па се шокира: Ваква реакција не очекуваше

Се’ повеќе луѓе во желбата да имаат холивудска насмевка се одлучуваат да отпатуваат во Турција за да ги поправат забите по поволна цена, но една жена имаше поинаква идеја. Имено, таа решила да направи урнебесна шега, убедувајќи многумина дека нејзините огромни и сјајни заби се всушност изгледот што таа отсекогаш го посакувала.

Мејси Смит (32) очајно сакала да им ги покаже на своите следбеници на „Тик Ток“ новите сјајни протези, но по објавувањето на снимката која има повеќе од 3,5 милиони прегледи, се’ тргнало наопаку.

Мејси продолжила да ги лаже луѓето и да тврди дека нејзините заби се реални во серија видеа за нејзиниот секојдневен живот, а луѓето наседнале. Дури и оние кои планирале наскоро да го направат истиот чекор за дентален „ремонт“ во странство, почнале да ѝ пишуваат дека сега ќе размислат двапати дали да го направат истото.

Мејси, во поголемиот дел од видеото, си ја покрива устата со раката зборувајќи дека е воодушевена од нејзините сегашни заби.

@maisiesmith44

Final fitting tomorrow – over the moon thank you to my dentist working around the clock to get me in😍 #fyp #viral

♬ original sound – MaisieSmith🫶🏾

„Тие се токму она што јас го сакав. Цената што ја платив е неверојатна! Само 1.700 фунти. Дали сте подготвени“, вели таа.

Таа исто така сподели дека платила 1.700 фунти за забите. „Дали сте подготвени да ви ги покажам?“, прашува таа, но многумина не разбраа дека се шегува, па доби бурни реакции од следачите.

Следни Објави

Верниците го слават Архангел Гаврил: Една работа мора да ја направите

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 26-ти март, Собор на Св. Архангел Гаврил. Тој е еден од големите седум ангели што претстојат пред престолот Божји. Му го јави на Захарија раѓањето на Свети Јован Предвесник и самиот за себе рече: „Јас сум Гаврил кој стојам пред Бога“. Неговото […]