fbpx

Билјана влезе во бањата и се шокира! Докторите ѝ ја кажаа страшната вистина (ВИДЕО)

Ние како народ сме опседнати со еден феномен. Често на шега велиме дека Македонците се плашат само од сиромаштија и од „промаја“. Сепак, останува прашањето дали е оправдан ваквиот страв.

Не е невообичаено да им се смееме на луѓето кои трчаат да ги затворат прозорците затоа што се плашат од провев, но дали имаа причина за реалена паника?

Провевот може да има штетно влијание врз телото на неколку начини, како на пример предизвикување настинка или главоболка. Сепак, постои и многу поопасна глетка која може значително да го загрози здравјето на луѓето. А, тоа е пареза на лицевиот нерв.

Ова и се случи на Билјана Черниќ, која поради провевот остана со парализиран дел од лицето.
Својата шокантна исповед таа ја сподели со гледачите пред камерите на емисијата „Момент од сон“.

„Почнав да работам во фудбалски клуб како чистачка. Ги бришев прозорците. По неколку дена се разбудив, отидов во тоалет и се соочив со шокантна глетка. Мојата усна се спушти“, ја почнува приказната оваа жена.

Веднаш отишла кај лекарите каде и биле направени сите прегледи и утврдиле дека нема мозочен удар.

„Почнав да плачам, не знаев што се случува. Отидов во Ургентен центар и таму ми направија ЦТ на главата. Ми рекоа дека не е шега. Ме прашаа дали сум изложена на „промаја“. Ми дијагностицираа пареза на лицевиот нерв“, низ солзи раскажува.

Поради нарушено здравје, а сега и поради физичкиот изглед, Билјана почнала да ја губи самодовербата.

„Добив комплекси и не сакам никаде да одам. Каде и да се појавам луѓето ме гледаат. Во автобус или во продавница. Се разбира, децата не се виновни, но луѓето можат да бидат“, заклучува таа.

Што е пареза?

Парализа или пареза на лицето е привремена состојба која се јавува поради оштетување на фацијалниот нерв, што многумина го мешаат со мозочен удар.

Првиот симптом е ненадејна слабост на едната страна од лицето, а сериозноста на симптомите зависи од тоа дали пациентот ќе помине без третман или е неопходно да се вклучат комбинирани третмани.

Следни Објави

Се родив девет дена по смртта на татко ми, ме однеле на рид да ме погребаат: Потресно сведоштво на Дракче

Филмска животна приказна Популарната Драгче пошироката публика ја препознава по проектот „Патот на светлината“, емисија во која ги толкуваше соништата. Таа се’ уште е активна на екранот, но со поинакви проекти. Истовремено ужива огромна популарност на социјалните мрежи. Драгица Стевковска во своето последно интервју како никогаш досега си ја отвори […]