fbpx

Итно фрлете ги! Еве зошто не треба да ги чувате кутиите и влошките од јајца

Повторната употреба на амбалажа во поголемиот број случаи е идеална идеја, како за зачувување на животната средина, така и за вашиот паричник.

Сепак, кога се во прашање влошките и кутиите за јајца, приказната е поинаква и по нивната употреба треба да се ослободите од нив во истиот миг.

Експертите велат дека проблемот е во картонот од којшто се направени, а кој не може да се чисти и мие и затоа е често контаминиран со бактерии. Тие, исто така, препорачуваат добро миење на рацете по секој допир со јајца и нивната амбалажа.

За да спречите вкрстена контаминација на храна, избегнувајте да ги ставате јајцата и амбалажата од јајца на чиста работна површина. Кога ќе ги скршите, задолжително обратете внимание содржината во јајцето да не дојде во допир со надворешната страна од лушпата.

Важно е да знаете и дека целиот прибор, садовите и работната површина кои биле во контакт со јајце или со амбалажа за јајца мора темелно да ги исчистите.

Празното пакување веднаш фрлете го!

Следни Објави

Стефан Богоев го покажа синот: Напиша нешто неочекувано (ФОТО)

Прекрасно семејство Поранешниот градоначалник на Карпош, Стефан Богоев, го покажа синот Лука. Под фотографијата напиша нешто неочекувано. Неговиот коментар ги насмеа оние што го следат на социјалните мрежи. „Лука-среќа во 13 кила вреќа“, напиша гордиот татко. Потпретседателот на владејачката СДСМ и актуелен директор на Царинска управа со неговата избраничка Ивана […]