fbpx

Имате две исти букви во името? Нумеролозите откриваат каква ви е судбината

Нумерологијата открива бројни лични карактеристики и особини на личноста. Така е и кога се работи за личното име и презиме. Имено, според нумеролошките толкувања, секоја буква носи различни вибрации поврзани со соодветниот број во името. Исто така, повторувањето на одредени букви во името создава позитивни и негативни карактеристики на личноста.

Повторувањето на буквите А и И, ја прави личноста храбра и силна. Тоа значи борба за независност и слобода, повисок статус, кооперативен карактер, напредување во бизнисот и желба за пари и моќ.

Повторувањето на буквата О го прави човекот многу имагинативен, со уметнички квалитети и таленти. Оваа буква дава талент за самоизразување преку зборови, пишување или уметнички перформанс.

Повторувањето на буквата Е го прави човекот успешен во правната работа или во бизнисот со продажба. Ако буквата се повторува повеќе од три пати во името, тоа значи луксузен живот. Сепак, тоа може да доведе до проблеми, бидејќи личноста може да биде неодговорна во семејниот живот. Ненадејните и неочекувани настани можат да доведат до хаос и немири.

Повторувањето на буквите У и В ги поттикнува уметничките таленти, хуманоста и чувството за одговорност, услужната природа и љубовта кон семејниот живот, општественото признание и популарност. Патувањето и социјалните активности се истакнати кај личноста.

Следни Објави

Македонци се простуваат од Спасов: Еве кој е починатиот млад возач на камион

Тажна вест Млад возач на камион почина во Данска, информира„ТВ Стар“. Станува збор за Винко Спасов од Радовиш, потврдија негови колеги за локалната телевизија. Велат дека не бил постар од 40 години. „Од засега неразјаснети причини, починал викендов во кабината од камионот“, велат тие. Подетални информации се’ уште нема, а […]