fbpx

Михаил открива: Мажот останува во брак само под овие два услова!

Рускиот психолог тврди дека дури 90 отсто од жените го одбираат погрешниот пат

Навистина се ретки браковите во кои владее совршена хармонија. Кога зборуваме за такви заедници, нивната долговечност најчесто ѝ се припишува на љубовта.

Извиканиот психолог Михаил Лабковски вели дека во дадени моменти љубовта најчесто престанува и во најсреќните бракови и според него за една врска да опстане, само две работи се најважни.

„Со текот на годините имаме се’ помалку сили, па се’ што сакаме е разбирање, мир и тишина. Што е тогаш тајната за среќен брак во кој љубовта престанала? Ќе ви кажам. Тоа е довербата, чувството на сигурност, поддршката и разбирањето. Кога доаѓате во четириесеттите и во пеесеттите, овие квалитети ви се многу поважни од пеперутките во стомакот и љубомората од која боли глава“, објаснува тој.

Лабковски е сигурен дека жените кои целата енергија во животот ја вложувале во кариерата и во изгледот, во овие години се многу напнати, па тоа се одразува и на бракот.

„Тие веруваат дека тие нивни особини биле пресудни што мажот останал покрај нив. Во позрели години веќе се преуморни, бидејќи цело време оделе по погрешниот пат“, нагласува тој.

Според него, човекот се вљубува во личност, сака индивидуалност, почитува самодоверба и независност.

„Навиките ги врзуваат луѓето, но колку долго? Во секој брак доаѓа момент кога човек сака да живее мирно, без стрес, без мешање на други луѓе. Сака мирно да плови. Токму таа вештина да не нарушува ничија комфорна зона, туку истата да ја почитува, е клучна за бракот. Затоа, драги дами, запомнете дека мажот ќе живее со вас под два услова: Да имате за што да разговарате и да не се оптоварувате премногу со неважни работи“, порачува рускиот психолог.

Следни Објави

Ах, не требаше вака рано без поздрав да заминеш: Скопјани се простуваат, почина Сашо Трифуновски

Уште еден урбан лик прерано си замина, коментираат скопјани Почина Сашо Трифуновски-Глауч. Тажната вест ја споделија во фејсбук-групата „Стари скопјани“. „За нас помладите скопјани, Глауч беше врв со сите негови пороци и проблеми. Скопје, 90-ти, не може да биде без Глауч, нека му е лесна земја“, коментираат оние што го […]